МНРиНТ: Во недела почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток

Eвакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток, која ќе се реализира со комерцијални чартер-летови, ќе започне во недела, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
- Министерството попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање, се наведува во соопштението.
Процесот е целосно координиран од Министерството и дипломатско-конзуларните претставништва во регионот. Завршувањето на постапката за јавна набавка претставува потврда за навременото и одговорно постапување во насока на заштита и грижа за македонските граѓани.
Според последните податоци, заклучно со денес, Амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани, од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација. Амбасадата во Абу Даби ја контактирале вкупно 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од Кралството Саудиска Арабија.
Министерството, како што е наведено во соопштението, уште еднаш ги повикува сите македонски државјани кои сè уште не стапиле во контакт со надлежните дипломатско-конзуларни претставништва, а имаат потреба од евакуација или асистенција, тоа да го сторат во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви на ДКП-ата или преку СОС-бројот на Министерството.
Техничките и организациските детали околу реализацијата на летовите ќе бидат утврдени во координација со економскиот оператор, за што граѓаните ќе бидат навремено информирани.
Министерството останува во постојана комуникација со граѓаните и во координација со надлежните институции, со приоритетна цел – нивно безбедно и навремено враќање.
МИА
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
