МОЈОТ ПРЕКРАСЕН ЖИВОТ
Легендарната Зулејха, заедно со „затвореникот“ и омилената негативка од малите екрани, во нова возбудлива серија која ќе нѐ внесе во светот на богатите и славните. „Мојот прекрасен живот“ е серија за гламурот и суровата реалност. Серија полна со страст, интриги и шокантни пресврти.
Запознајте се со Шебнем, девојката која има навидум сè - луксуз, богатство и идеален сопруг. Сепак, зад таа блескава фасада лежи тешката борба на една жена која постигнала сè сама. Растејќи без поддршка, како стипендистка во елитно училиште, таа била изложена на булинг и понижувања. Сепак, благодарение на храброста, интелигенцијата и неверојатната трансформација, успеала да се пробие во светот на оние кои некогаш ја отфрлиле. Од „грдото пајче“ станува „неодоливиот лебед“, а со исклучително лукав и смел потег - и сопруга на Онур, еден од највлијателните мажи во Истанбул, со кого создава семејство кое е совршено во очите на другите. Така започнал нејзиниот прекрасен живот. Живот полн со раскош и изобилство. Живот на врвот на општествената скала.
Но, кога тајните од минатото излегуваат на површина, нејзиниот внимателно изграден свет почнува да се распаѓа како кула од карти. Во виорот на емотивната врска со харизматичниот инспектор за убиства Месут, конфликтот со поранешната девојка на сопругот и неговата немилосрдна мајка, Шебнем ќе води битка на многу фронтови - обидувајќи се да го зачува она што толку тешко го добила. Но, колку ќе биде подготвена да го задржи она што го сака и за кое долго сонувала? Ќе може ли оваа дама да избега од своето минато или ќе треба да го жртвува сето она кое го постигнала сама? Валкани тајни, нерешени сметки и низа непријатели се закануваат да го уништат нејзиниот прекрасен живот и да ја вратат онаму од каде што успеала да избега. Само еден погрешен потег ќе може да промени сѐ.
Ново на Сител
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
