Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Промените во глобалниот трговски систем, растечката геоекономска конкуренција и потребата постојната институционална архитектура на меѓународната трговија, создадена во 20 век, да се приспособи на реалностите на 21 век - порачал министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Форумот на идни глобални лидери организиран од Светскиот економски форум во Дубаи на сесијата „Trade in a Changing World“.
- Кога постојат оние што го доведуваат во прашање сегашниот модел, а ние сме загрижени поради тоа, мора да погледнеме и кон самите себе и да се запрашаме што можеме да направиме за да го модернизираме системот во наша заедничка корист - истакнал Муцунски.
Како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски посебен акцент ставил на односот меѓу отвореноста, безбедноста и отпорноста, нагласувајќи дека иднината на глобалната трговија не треба да се поставува како избор меѓу отвореност и безбедност.
- Мора да ја направиме отвореноста побезбедна. Отпорноста во никој случај не значи изолација - вели Муцунски.
Според него, државите што ќе успеат во следните пет, десет, петнаесет или дваесет години нема да бидат оние што ќе изградат најголеми ѕидови, туку оние што ќе изградат најотпорни мостови“, нагласи министерот.
Осврнувајќи се на позицијата на помалите економии во глобалната конкуренција, Муцунски истакнал дека нивната сила не произлегува од големината, туку од способноста да бидат сигурни и предвидливи партнери.
Тој се осврнал и на економскиот суверенитет, нагласувајќи дека тој е тесно поврзан со инфраструктурната и енергетската поврзаност. Во таа насока, тој ги издвоил инвестициите во Коридорите VIII и X, патната и железничката инфраструктура и енергетската диверзификација, додавајќи дека енергетската независност е неопходен предуслов за економски развој и инвестиции во индустриите на иднината.
Осврнувајќи се на економската меѓузависност и глобалните конфликти, тој истакнал дека нивните последици одамна не се ограничени само на државите директно вклучени во нив.
- Првата жртва на секој конфликт е човечкиот живот. Втората жртва е економскиот просперитет – не само на државите вклучени во конфликтот, туку и пошироко, затоа што нашите синџири на снабдување и трговски рути се силно меѓусебно поврзани - истакнува Муцунски.
Тој нагласил дека во услови на глобални промени, одговорот не треба да биде изолација, туку поголема поврзаност, модернизација на меѓународниот систем, инвестиции во отпорност и поефикасна мултилатерална соработка.
МИА
Ново на Сител
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
