МВР со детали за нападот врз 26-годишната Сара: Насилникот доби кривична и мерки на претпазливост
Кривична пријава е поднесена против 31-годишен охриѓанец, осомничен дека физички ја нападнал својата 26-годишна девојка и ѝ нанел тешки телесни повреди, поради кои таа завршила во болница. По инцидентот бил приведен и таткото на девојката, осомничен дека упатувал закани кон момчето и неговото семејство.
Според информациите од СВР Охрид, против К.К. (31) од Охрид е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, согласно член 131 став 3 од Кривичниот законик.
Инцидентот се случил на 15 ноември, околу 2 часот по полноќ, по расправија меѓу момчето и неговата 26-годишна девојка од охридско. Расправијата започнала во домот на осомничениот, а продолжила во неговиот автомобил, каде што тој физички ја нападнал.
Откако го запрел возилото, осомничениот продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала. Таа била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“, каде што лекарите ѝ констатирале тешки телесни повреди.
Полицијата презела мерки и во 5:05 часот го лишила од слобода 31-годишниот осомничен, кој бил задржан во полициска станица. По барање на Основното јавно обвинителство, Основниот суд во Охрид му изрекол мерки на претпазливост.
Во меѓувреме, случајот добил дополнителен развој. Истиот ден, во 8:50 часот, мајката на осомничениот, Љ.К. (51), пријавила во полиција дека таткото на девојката, Љ.Ѓ. (49), преку мобилен телефон упатувал закани кон нејзиниот син и целото семејство.
По пријавата, полицијата во 13:20 часот го привела и 49-годишниот татко на девојката, кој бил задржан во полициска станица.
Од СВР Охрид информираат дека и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за охриѓанецот
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид
-

Мерки на претпазливост за охриѓанецот кој ја претепал Сара до бесвест – мајката тврди дека мислел оти е мртва и сакал да се ослободи од телото
-

Остри партиски реакции по насилството во Охрид
-

Хаџи Василева го презеде Обвинителството, најавува промени и отпор на притисоците
-

Алта банка оди на продажба
-

Филипче: Во буџетот нема пари за повисоки плати, државата должи 713 милиони евра, а милијарди троши за камати
-

Во Собранието денеска продолжи комисиската расправа за Буџетот за 2027 година
