МВР со детали за сообраќајната несреќа на новиот експресен пат Прилеп - Градско

СВР Велес претпладнево сподели официјална информација за сообраќајната несреќа од синоќа, на експресниот пат Прилеп - Градско.
-Синоќа околу 19:50 часот, во СВР Велес е пријавено дека на исклучокот од новоизградениот експресен пат Прилеп-Градско за приклучокот на автопатот А-Градско-Скопје, товарно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(41) од Скопје, удрило во метална еластична ограда и сообракајни знаци. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општа болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес, соопштија од СВР Велес.
Оттаму потсетија дека синоќа во периодот од 20:10 часот, до утрово до 01:20 часот, патничкиот и товарниот сообраќај на новоизградениот експресен пат беше во прекин и беше пренасочен по регионалниот пат Градско -Росоман.
Ново на Сител
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
