Македонија
10. April 2023 - 12:19

МЖСПП и ги одзема ингеренциите на Свети Николе за изградба на регионалната депонија во Овче Поле

Министерството за животна средина ги одзема ингеренциите на Општина Свети Николе во делот на управувањето на заедничкото претпријатие кое ќе раководи со идната регионална депонија кај с. Мечкуевци во Овче Поле. 

Локалната самоуправа се противеше на обраната локација, но проектот е во поодмината фаза и од него зависат општините од источниот и североисточниот регион.

„Таа локација не е избрана туку така, што се вели, туку беше правена цела студија за изводливост, каде се понудија 16 локации и во постапка на прифаќање и одбивање, таа се прифати. Таа студија за изводливост чинеше 850 000 евра. Така што, една општина ако сака да докаже нешто поинаку, треба сама да финансира една таква студија. Меѓутоа, не само да финансира, туку што ќе правиме со времето, изјави Живка Михајлова, координатор на проектот за ИПР.

Проектот се реализира во континиуитет веќе 10 години и ќе преставува модерно решение за депонирање и управување со отпадот. Постојните општински комунални депонии се всушност незаконски, додава Михајлова.

Има диви депонии на секој чекор и неправилно постапување  со отпадот, не се врши селекција, ниту рециклираме, ниту селектираме. Био отпадот го фрламе на депонија, што исто така е забрането со европските директиви. Така што, во секој случај навистина подобро е ова решение и верувам во добра перспектива на управувањето со отпад, изјави Михајлова.

Сите 18 општини од двата региони добија контејнери и возила за собирање и транспорт на отпадот. Покрај централната постројка за обработка на отпад во с. Мечкуевци, ќе се градат и 6 претоварни станици. 

„Тоа е цел комплекс, систем, не се работи само за таа депонија, туку целиот систем треба да функционира“, дададе Михајлова.

По завршување на тендерската постапка, со градба се планира да се започне на почетокот на 2024-та, а ќе се гради 3 години. Целиот проект чини 40 милиони евра, средства обезбедени преку ИПА фондовите. За санација и затворање на постојните општински депонии предвидени се 3 милиони евра.