На изборите во Летонија победи коалицијата предводена од премиерот Кулбергс, според над 96 отсто обработени гласови

Коалицијата „Обединета листа“, предводена од актуелниот премиер на земјата Андрис Кулбергс, доби најголема поддршка од избирачите и освои околу 35,3 проценти од гласовите на парламентарните избори во Летонија, според резултатите од повеќе од 96 проценти преброени гласови, пренесува Летонската национална радио-телевизија (ЛРТ).
Уште пет изборни листи успеаја да го поминат прагот од пет проценти на изборите одржани вчера и да влезат во летонскиот Парламент Сеимот – „Летонија на прво место“ која доби 13,1 процент од гласовите на граѓаните, „Суверена власт“ со 11,7 проценти, „Национално единство“ со 8,9 проценти, „Прогресивци“ со 7,6 проценти и „Ново единство“ со 6,3 проценти од гласовите.
Осум партии кои учествуваа на изборите не го поминаа цензусот.
МИА
Ново на Сител
-

Психолозите предупредуваат: Промените на расположението на децата се аларм дека нешто се случува
-

Тема на денот со претседателот на РКЕ, Ацо Ристов
-

МВР со апел – заштитете ги децата од опасностите од насилната „764” онлајн група
-

Активисти од „Ниту една повеќе“ и граѓани блокираа пред Владата
-

Разликата меѓу синдикалната и владина октомвриска кошничка над 11.000 денари
-

Следната среда продолжение на надзорната расправа за Алта
-

Почна амандмантската расправа за Буџетот
-

Судијата Ристов го оспорува начинот на собирање на доказите
