-->
-->
На Меѓународниот аеродром Скопје откриени непријавени 150 илјади британски фунти
-->

Царинските службеници на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на патник, странски државјанин, кој патувал кон Лондон, открија 150 илјади британски фунти кои не биле пријавени согласно законските обврски. Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени девизи во противвредност од 10 илјади евра, додека преостанатите 141.315 британски фунти се привремено задржани.
Како што информира Царинската управа, против него е поднесена соодветна прекршочна пријава.
- Континуирано спроведуваме активности насочени кон откривање и спречување на нелегалниот прекуграничен пренос на готовина, со што директно придонесуваме во борбата против финансискиот криминал, наведува Царинската управа.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
