На Табановце се чека до 30 минути, патот до ГП Пелинце затворен до 16 часот
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата, времето на чекање е околу 15-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Денеска од 08:00–16:00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка ХРОНО, поради што ќе биде во прекин сообраќајот на регионалниот пат граничен премин Пелинце на потегот од раскрсницата за с. Драгоманце до Меморијалниот центар АСНОМ во с. Пелинце.
Исто така, денеска од 08.00–17.00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка МОУНТАИН БАЈК (тренинг), при што ќе биде запрен сообраќајот на патот во с. Добршане на регионалниот пат за Свети Николе до местото викано Студена Вода.
Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за наредните три дена.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
МИА
Ново на Сител
-
Македонија ги живее најтоплите денови оваа лето – на високите температури реагираат и млади и стари
-
Седми ден гори на Готен
-
Телохранителот на премиерот обвинет за оддавање службена тајна, негира вина
-
Казанџи Груп пред нова инвестиција
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Пензиите ќе растат линеарно
-
Левица ќе бара разрешување на претседателката на ДКСК
-
СДСМ: Тошковски ја партизира полицијата