Македонија
12. March 2021 - 12:31

Над 1 милион евра пријавена штета во Глобал

Сопствениците на тезги и продавници во трговскиот центар Глобал во пожарот што избувна пред два месеци претрпеле штета над милион евра. Ова е констатирано во извештајот кој беше усвоен од страна на општинската комисија за проценка на штети на денешната седница. Во изминатиот период економските оператори од Глобал до комисијата ги доставуваа нивните записници со евидентираната штета од пожарот. Пристигнале вкупно 70 барања во кои била евидентирана штета од 65.609.589 или над еден милион евра.

Освен констатираната шета, комисијата во извештајот предлага на  оштетените граѓани и деловни субјекти да им се даде помош во вид на непосредна парична помош  или помош во намалување, односно ослободување од даночните обврски кои ги имаат кон владините институциите, како и обврските  кон локалната самоуправа. Во меѓувреме тече истрагата за причините поради кои настана пожарот во кој беше опожарена една третина од градскиот пазар и повеќе продавници. Опожарените делови се интензивно се санираат, а неопожарениот минатата недела започна со работа.