Над 270 килограми кокаин во вредност од најмалку 5,5 милиони евра откриени на пристаништето во Солун
Во контејнер со пратка од Латинска Америка што пристигнала на пристаништето во Солун, грчката полиција открила 271 килограм и 150 грама кокаин, што се проценува дека е во вредност од над 5,5 милиони евра, а уапсени се три лица членови на криминална организација со меѓународен карактер, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека криминалната организација била разбиена по искористените информации добиени од Националната агенција за борба со криминал на Обединетото Кралство, „во врска со транспортот и увоз по морски пат од земја од Латинска Америка на контејнер со голема количина кокаин на солунското пристаниште“.
Во средата била спроведена голема операција и бил пронајден контејнерот во кој во специјален дел била скриена дрогата, а членовите на криминалната организација биле уапсени во саботата во атинско предградие.
Тројцата уапсени на возраст меѓу 32 и 47- годишна возраст имале посебни улоги во увозот и трговијата со дрогата
- Нелегалната финансиска корист на членовите на организацијата од продажбата на запленетата количина кокаин се проценува на повеќе од 5.500.000 евра, соопштија од грчката полиција.
Ново на Сител
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите