Македонија
26. April 2020 - 19:41

Над 50% намален бројот на обиди од мигранти за нелегален влез во земјава

И во време на вонредна состоја обиди за нелегален премин на државните граници има, но интензитетот е скоро преполовен споредбено со претходниот период.  Пограничните служби на дневна основа во просек спречуваат по околу 33 обиди за илегален премин на државните граници.

Од како стапија мерките за затворање на границите и забраната за движење полицијата бележи тренд на намалување на илегалните преминувања на границите со соседите за 53,2%. Во периодот од 12 март па до 12 април, регистрирани се 1162 такви  обиди. Најголемиот дел се спречени во втората и третата недела од март, по што статистиката покажува значително намалување.

Според познавачите на состојбите за намалување на трендот на илегални премини, но и криумчарењето  мигранти придонесува и воведениот полициски час кој значително го отежнува транзитот низ државата.

И понатаму најголемиот дел нелегалните обиди се спречуваат на јужната граница со Република Грција. 

На овој дел,  за еден месец се регистрирани 831 обид. Споредено со истиот период лани, оваа бројка е намалена  речиси за три пати.

Но,  и покрај трендот на опаѓање во однос на  почетокот на годината,  бројот на криумчарени мигранти бележат зголемување ако се спореди истиот период од минатата година. Годинава откриени се пет наспроти минатогодишните два случаи за обид да бидат прокриумчарени 65, наспроти ланските  41 мигрант. 60% од случаите се откриени на подрачјето на регионалниот центар Исток. Против пет лица се преземени мерки на кривичен прогон. Од нив,  тројца се турски државјани, а се товарат за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“. Според структурата, најдоминантни овој период се мигрантите по потекло од Авганистани, Пакистан-24, но во помал број застапени се и  мигранти од Турција-Курди, Сирија и Бангладеш. Во транзитниот центар Винојуг во моментов не престојува ниту едно лице.