Македонија
28. September 2018 - 17:32

Наглото заладување ги наполни амбулантите

Разликата во температурата од 20-тина степени во едно деноноќие ги разболе граѓаните. Матичните велат дека посебно оваа недела поради студените ноќи и утра секој ден имаат и по најмалку 15 пациенти кои се жалеле на настинки или вирози.

- Имаме зголемен број на пациенти кои се жалат на болки во грлото, затнат нос, течење на носот, кашлање, респираторни инфекции, изјави д-р Христина Лескароска, матичен лекар.

Матичните велат никако да не се пие антибиотик на своја рака за настинка без да биде направен лекарскји преглед и лабораториски анализи.  Кога станува збор за настинка граѓаните да земаат терапија според симптомите кои ги имаат.

- Да се зема само симптоматска терапија, ако станува збор за течење на носот да се земе спреј итн. Да се внимава на исхраната и да се излегува на прошетки во природа,  додаде д-р Лескароска.

Освен пациенти со настинки и респираторни инфекции, последниот период во лекарите реагистрираат и зголемен број на лица со стомачни вируси.

Александар Динев Сител телевизија