Македонија
31. October 2017 - 16:18
Најавените нови инкубатори само делумно ќе го решат проблемот со пренатрупаноста на интензивна на скопска гинекологија
Најавените нови инкубатори само делумно ќе го решат проблемот со пренатрупаноста на одделот за интензивна нега на скопска гинекологија. Тие ќе ги заменат веќе дотраените инкубатори, а за нови нема простор и треба поголема просторија. во моментот капацитетот е за 25 предвремено родени, а постојано имаат двојно повеќе, тврдат од клиниката. оваа установа нема да може да ги испочитува и роковите за поправка на недостатоците кои ги контатираше државниот санитарен и здравствен инспекторат за решавање на проблемот со системот за вентилација и обезбедувањето на стручен медицински кадар.
Скопска гинекологија најверојатно нема да ги запази роковите дадени од ДСЗИ за подобрување на состојбата на Клиниката за да се намали смртноста на предвреме родените бебиња. Системот за вентилација за соодветна промена на воздухот во сите простории треба да се смени за 6 месеци, но од гинекологија брифираат дека ќе се изгуби многу време ако се оди по регуларна тендерска постапка, а проблем се и парите. Првичните проценки покажале дека ова ќе чини над 300.000 евра, средства кои Клиниката сама неможе да ги обезбеди. Од ДСЗИ за Сител велат дека можат да направат пролонгирање на роковите, но само ако менаџментот почне со активности за отстранување на недостатоците.
-Доколку се превземат конкретни активности тој рок може да биде и подолг, изјави за Сител д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ
Исто така најавените нови 15 инкубатори само делумно ќе го решат проблемот со пренатрупаноста на одделот за Интензивна нега. Според информации на Сител тие ќе ја заменат дотраената ваква опрема, а за дополнителен број инкубатори нема соодветни просторни услови. Капацитетот на интензивната е за 25 недоносени деца, а постојано имаат двојно повеќе бебиња кои се родени со компликации зошто сите вакви случаи од цела Македонија завршуваат на скопска гинекологија. И понатаму сериозен проблем за Клиниката е недостатокот на стручен кадар. Недостигаат обучени инструментарки, педијатри и анестезиолози кои впрочем се дефицит и во сите јавни здравствени установи во земјава.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
