-->
-->
Најмалку петмина загинати во големата експлозија во хемиска фабрика во источна Кина
-->

Најмалку пет лица загинаа, а 19 се повредени во денешната експлозија што се случи во се случи во хемиската фабрика „Шандонг Јудао Хемикал“ во градот Вејфанг, во покраината Шандонг, источна Кина.
На местото на несреќата испратени се 55 возила на итната помош и 232 спасувачи, соопшти кинеското Министерство за управување со итни ситуации.
Канцеларијата за заштита на животната средина во Вејфанг испрати персонал да спроведе тестови на местото на експлозијата и им советуваше на жителите да носат маски за лице.
„Шандонг Јудао Кемикал“ со 300 вработени е во сопственост на „Химиле Груп“. Компанијата развива, произведува и продава технологија за пестициди, фармацевтски производи и сродни хемиски меѓупроизводи
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
