Најмногу дожд во Крива Паланка
Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка, 91 литар на метар квадратен, а најмалку во Претор, два литра на единица површина.
Како што информира УХМР, до 08 часот утрово се измерени и 68 литри на метар квадратен во Виница, 46 во Берово, 27 во Прилеп, 16 во Тетово, 14 Штип, 13 во Скопје - Петровец, 9 во Битола, 7 во Куманово и Крушево, како и 5 литри на метар квадратен во Демир Капија.
УХМР напоменува дека поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција