Најмногу дожд во Лазарополе, утринските температури од 4 до 14 степени

Дваесет и два литра дожд на квадратен метар наврнало во Лазарополе во изминатите 24 часа, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Според мерењата на УХМР во 7 часот за наврнат воден талог во деноноќие, 8 литри на квадратен метар се измерени во Маврови Анови, 7 во Пожаране, 6 на Попова Шапка, пет литри во Тетово, четири во Крушево, два во Скопје–Зајчев Рид и еден литар во Скопје-Петровец и Струмица.
Утрово најниска температура од 4 степени е измерена во Берово, 5 во Струмица, 9 степени во Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Куманово, Тетово, Крушево и Маврови Анови, 10 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Гевгелија и Лазарополе, 12 во Прилеп, 13 степени во Битола и Виница, 14 во Демир Капија, Велес и Штип.
За денеска УХМР прогнозира претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд.
-Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 километри на час) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне 14 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
