Најмногу врнежи во Виница
Изминатите 24 часа најмногу врнежи имало во Виница, 28 литри на метар квадратен, а најмлаку во Велес, Демир Капија, Гевгелија, Охрид, Маврово и Пожаране, еден литар на единица на површина.
Според УХМР, до 8 часот утрово се измерени и 15 литри на метар квадратен во Прилеп, 12 во Крива Паланка, 11 во Штип, 6 во Крушево, 5 во Берово и Пожар, 4 на Попова Шапка, 3 во Струмица и Тополчани, како и два литра на метар квадратен во Скопје-Петровец, Кавадарци, Битола, Тетово и Лазарополе.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2). Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром