Најниска температура изутринава на Попова Шапка, највисока во Гевгелија

Најниска температура изутринава е измерена на Попова Шапка, а највисока во Гевгелија.
Како што информира УХМР изутринава на Попова Шапка се измерени седум степени, во Kрушево, Mаврови Анови и Лазарополе 10, Крива Паланка, Охрид, Претор, Битола и Берово 12, Тетово и Прилеп 14, Скопје-Петровец, Куманово, Штип и Виница 15, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Демир Капија и Струмица 16, Велес 17 и во Гевгелија 18 степени.
Количината на врнежи изминатите 24 часа до 08:00 часот во (l/m2) изнесува четири Попова Шапка, два Скопје-Петровец и Маврови Анови, еден Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Битола, Кавадарци, Крушево и Тополчани.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
-

“Клексан” и три други антикоагуланти од 1 јули се на позитивната листа и достапни во аптеките
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
