Најстудено изутринава на Попова Шапка и Лазарополе, најтопло во Скопје - Петровец

Најниската температура изутринава е измерена на Попова Шапка и Лазарополе - шест степени, а највисоката од 19 степени во Скопје - Петровец.
Како што соопшти УХМР изутринава се измерени шест степени на Попова Шапка и Лазарополе, седум во Mаврови Анови, девет во Охрид и Битола, десет во Крива Паланка, Kрушево и Претор, 11 во Берово, 12 во Виница, 13 во Прилеп и Демир Капија, 14 во Тетово, Струмица и Куманово, 15 во Штип и Кавадарци, 16 во Велес, 18 во Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија и 19 во Скопје-Петровец.
Времето денеска ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде до 25 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
