Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија

Најниска температура од -7 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. Следат со -3 Mаврови Анови, -2 во Kрушево, -1 Крива Паланка, Претор, 0 Охрид, Штип, Струмица, 1 Тетово, Берово, Виница, 2 Битола, Прилеп, Демир Капија, 3 Куманово, 4 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес и во Кавадарци и 6 степени во Гевгелија.
Како што соопшти УХМР, најмногу количини врнежи за изминатите 24 часа до 08 часот наврнале во Охрид - 6 л/м2, 5 во Прилеп, 4 Крушево, Тополчани, 2 Битола и по 1 л/м2 во Маврови Анови и на Попова Шапка.
Снежна покривка од 61 см има на Попова Шапка и 3 см Крушево.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
