Најстудено утрово на Попова Шапка со -3 степени, најтопло во Гевгелија 10

На Попова Шапка утрово се регистрирани -3 Целзиусови степени, 1 - Маврови Анови, 2 - Лазарополе, 3 - Крушево, 4 - Берово, Претор, 5 - Крива Паланка, Охрид, 6 - Виница, 7 - Куманово, Тетово, Прилеп, Битола, Кавадарци, 8 - Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип, Демир Капија, Струмица, 9 - Скопје-Петровец, 10 - Гевгелија, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи за до 8:30 часот денеска.
Според синоптичарите, времето во текот на денов ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така се очекува променливо облачно време, со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 Целзиусови степени.
МИА
Ново на Сител
-

Швајцарскиот премиер за надворешни работи во Скопје
-

Врнежите ги подобрија условите за есенската сеидба во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
-

Ученик активирал солзавец за време на час
-

Teма на денот со Тимчо Муцунски
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

МВР: Првата пријава за насилство од 17-годишната девојка од Богданци била на 30 септември
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
