Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Ѓуриште

Утрово е најстудено во Крушево, четири степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Ѓуриште, 19 литри на метар квадратен.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот се измерени 6 степени во Берово, Крива Паланка и Тетово, 7 во Куманово, 8 во Скопје – Петровец, Битола, Виница и Штип, 9 во Претор и Демир Капија и 10 степени во Струмица.
До 8 часот наврнале и 17 литри дожд на единица површина во Крушево и Битола, 14 во Штип, 13 во Скопје – Петровец и Тетово, 8 во Демир Капија и Крива Паланка, 7 во Берово, и Претор, 5 во Виница, како и 3 во Струмица.
Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, облачно и студено со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
