Највисокиот суд на ЕУ ќе даде мислење за жалбата за транспарентност за вакцините против Ковид-19

Наводниот недостиг на транспарентност на Европската комисија при набавката на вакцини против Ковид-19 во екот на пандемијата денеска повторно е во центарот на вниманието, кога највисокиот суд на ЕУ треба да се огласи за два поврзани случаи.
Во 2024 година, Општиот суд на Европската унија, втор по големина суд во блокот, веќе пресуди дека комисијата не и овозможила на јавноста доволен пристап до договорите за набавка на вакцини, пренесе ДПА.
Според судиите, комисијата не успеала да докаже дека засенчувањето (редактирањето) на одредени клаузули во договорите било оправдано кога одговарала на барањата на пратениците и граѓаните на ЕУ за објавување на документите според законите за слободен пристап до информации од јавен карактер на блокот.
Сепак, комисијата поднесе жалба до највисокиот суд на ЕУ, Европскиот суд на правдата (ЕСП).
Генералниот адвокат на ЕСП денеска треба да даде правно мислење за случаите по жалбата, пред донесувањето на конечната пресуда.
Во 2020 и 2021 година, комисијата склучи договори вредни милијарди евра за набавка на вакцини против Ковид-19 за 27-те земји членки на ЕУ. Извршното тело на ЕУ оттогаш во повеќе наврати се соочува со обвинувања за недостиг на транспарентност.
Во посебен, широко коментиран случај, Општиот суд во 2025 година пресуди дека комисијата погрешила што ги задржала текстуалните пораки (СМС) разменети меѓу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шефот на Фајзер, Алберт Бурла.
Пресудата предизвика неуспешна иницијатива за гласање недоверба против Фон Дер Лајен во Европскиот парламент.
МИА
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
