Наместо сеопфатен интегриран систем за поддршка од семејно насилство, жртвите добиваат бирократија
Пријавените бројки на семејно и родово базирано насилство се неколку кратно поголеми од реалните. Жртвите поради несоодветната поддрша од институциите се плашат да ги пријавуваат случаите, а и кога се пријавува се евидентира само физичкото насилство, а не и другите форми на насилство, како психичко, емоционално, економско и други. Ова е ставот на граѓанскиот сектор кој се занимава со оваа проблематика. Според нив ние имаме добра законска легислатива, но за жал секоја новина во законите службениците од нејасни причини не ја применуваат.
„Можеби е тоа заради лошите услови во кои работат, немањето на доволно кадар, немањето на стручни лица во службите, немањето на заштита итн.. но генерално се забележува тенденција на отпор да се применуваат новите законски решенија. Па така ние сега имаме систем кој што е благ кон насилниците, а строг кон жртвата. Жртвата наместо кога ќе пријави или било кое лице кога ќе добие сознание дека постои било каков вид на насилство, наместо да наиде на еден сеопфатен интегриран систем за поддршка на жрвата, како што е предвидено со закон да има, жрвата наидува на бирократија, препраќање од врата до врата, од една институција во друга, па ако известувањето пример од МВР треба да стигне до ЦСР за 12 часа, тоа стигнува за 7 дена, за 10 дена, за 1 месец или некогаш воопшто не стигнува“, истакна Весна Шапкоски, извршна директорка на СТАНИЦА П.Е.Т.
Често се случувало пријавувањето на семејното насилство во МВР да се заведе како нарушување на јавен ред и мир.
„Генерално подршката е многу мала и во делот на изрекување на привремени мерки за заштита. Така што привремета мерка за заштита отстранување на на насилникот од домот, која има надлежност да ја примени МВР, скоро никогаш и не се применува. Ние немаме ниту еден официјален податок кој во последните години кажува за примена на оваа мерка. Ние жртвата ја отстрануваме домот, бараме начин да се отстрани жртвтаа од домот, а има законска можност МВР да предложи отстрануавње на насилникот од домот. Дополнително многу малку се применувата и другите мерки за заштита како забрана за приближување на слично. Нема контрола на применувањето на овие мерки дури и кога судот изрекол. Ако се прекрши привремената мерка ништо не се случува, никаква казна не сноси сторителот“, додаде Шапкоски.
Граѓанскиот сектор бара итно воведување на построг систем на надзор, и засилен казни и секој пријавен случај да го води конкретен службеник, кој потоа ќе биде одговорен потоа за целата ситуација, што и да се случува во иднина.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
