-->
-->
„Не може да се зборува за примирје“ – портпаролот на Хамас ја отфрли можноста за крај на војната
-->

Претставникот на палестинското милитантно движење Хамас, Хазем Касем, кое во саботата наутро изврши напад врз Израел, денеска изјави дека не може да се зборува за примирје додека, како што наведе, „Израел ја ескалира војната“.
„Окупацијата (на Израел) е во полн замав на агресија врз цивилите. Не може да се зборува за примирје додека Израел ја ескалира оваа војна“, изјави Касем за РИА Новости.
Тој додаде дека е прерано да се зборува за посредување, бидејќи, како што рече, бојното поле одредува кој ја контролира ситуацијата.
Хамас во саботата наутро изврши напад врз Израел, при што во судирите загинаа стотици луѓе од двете страни, а илјадници беа повредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Раст на индустриското производство во декември
-

Преглед на вестите од светот
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
