-->
-->
Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-->

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 53-годишен жител на селото Стримница, Општина Желино, поради сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Според информациите од полицијата, на 24 јули 2026 година, на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, пријавениот управувал патничко возило „мерцедес“, но не застанал и покрај наредбата од полициски службеник. Наместо тоа, продолжил да се движи и со возилото го удрил полицаецот додека тој извршувал службени дејствија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена, следниот месец оди на аукција за продажба
-

Исплатата од „Алта банка“ започна и во Струмица, но со неколкучасовно доцнење
-

Цените на горивата паѓаат, животните трошоци растат
-

Нема неправилности во работата на ЦСР Гевгелија за убиството на 17-годишната Билјана
-

Судењето за Ива Михаилова продолжи во нејзино отсуство
-

УГД ги суспендираше двајцата осомничени вработени
-

Мицкоски: Mакедонскиот јазик мора да биде франка лингва во правосудниот систем
