Николоски: Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации

Во 21 век напредуваат само државите што инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
- Оваа Влада води политика за иднината. Во изминатата седмица бевме сведоци на реализација на крупни капитални проекти: нова когенеративна централа, изградба на најголемиот ветерен парк и реконструиран аеродромот „Св. апостол Павле“. И тоа не се само градби, тоа се инвестиции во иднината, во нови работни места, во енергетска сигурност, во поврзаност и во конкурентна економија - пишува Николоски.
Посочува дека градежништвото вeќе 18-ти месец по ред расте и дека тоа е јасен доказ оти капиталните проекти ја движат државата напред.
- Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации - вели вицепремиерот Николоски во објавата.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
