Николоски: Трасирањето на Коридор 8 е надлежност на Бехтел и Енка, за проблемите Владата праќа молби до нив

За проблемите на граѓаните кои излегуваат поради трасирањето на Коридор 8 од страна на конзорциумот Бехтел и Енка, Владата нема многу ингеренции и може само да ги замоли за помош.
Вака одговори министерот за транспорт Александар Николоски, на новинарско прашање, дали Владата ќе им излезе во пресрет на жителите од гостиварско Здуње кои бараат трасата на Коридор 8 да не минува преку тамошните гробишта.
- Во однос на Коридор 8 таму изведувач е конзорциумот Бехтел и Енка. Согласно законите такви какви што се донесени од претходната Влада и надлежностите се целосно нивни, тие го прават проектирањето и тие го прават трасирањето. Она што можам да кажам е дека ќе поразговараме со нив. Ние правиме неделни состаноци и дека ќе разговараме. Веќе еднаш сме разговарале, имаше слични проблеми и на други места и ќе направиме се проблемот да се реши. Но треба да се свесни граѓаните дека заради законите на претходната Влада нашите надлежности се во рамки на буквално да замолиме, а не да нешто спроведеме или наредиме, истакна Николоски на денешната прес-конференцијата во Владата на новинарски прашања.
На прашање кога ќе се овозможи повторно железнички транспорт до Солун по дефект на пругата кај Поликастро, Николоски рече дека согласно одговорот од грчките власти тоа ќе биде за две недели од денес.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
