Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност

- Владата работи на развој на коридорите затоа што тоа дава огромна политичка стабилност и носи голем економски бенефит. Во моментов работиме на пет автопати, за многу брзо време започнуваме со изградба и на шестиот автопат, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
Тој во интервју за "Радио Лидер", каде зборуваше за инвестициите во инфраструктурата, појасни дека со силна динамика се работи на автопатите Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, како и Прилеп-Битола. За автопатат Охрид-Кичево најави пуштање во употреба на нови километри за сообраќај.
- Откако ние сме избрани, прво го пуштивме потегот од Страцин до Крива Паланка, експресен пат, 30 километри. После ги пуштивме делницата од Градско до Дреново и од Дреново до Фариш, вкупно 26 километри. Тоа се 56 километри коишто се целосно ставени во функција. Пуштивме 34 километри автопат на делницата Охрид – Кичево. За брзо време ќе пуштиме уште 10, значи тоа се вкупно 44 функционални километри автопат. Очекувам во рамки на зададениот рок сите 57 километри да бидат ставени во функција. Исто така, очекувам следна година најмалку 12 километри на потегот Битола – Прилеп да бидат ставени во функција, целосен автопат, кажа Николоски.
Исто така, додаде, пуштивме 34 километри нова пруга на потегот од Куманово до Бељаковце и реконструиравме преку 25 километри пруга на потегот Зелениково - Драчево - Нова железничка станица за „градски воз” – истакна Николоски.
Тој најави дека се работи на проектирање за изградба на нови експресни патишта.
- Во моментов работиме проектирање на делница којашто треба да оди од Кочани преку Виница - Делчево до граница со Бугарија и при крај е тендерската постапка за избор на куќа за проектирање на делницата што треба да оди од Радовиш преку Струмица, Ново Село, граница со Бугарија. Имајќи предвид дека експресниот пат од Страцин до Крива Паланка веќе го ставивме во функција, ја направивме и обиколницата на Крива Паланка, сега работиме на проширување на граничниот премин, тоа значи дека трите патишта коишто нè поврзуваат со Бугарија ќе бидат на ниво на автопат или на експресен пат - истакна вицепремиерот Николоски, се наведува во соопштението од Министерство за транспорт.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
