Ниту со покачени пензии не може да се покријат зголемените трошоци за живот
Втор пат годинава пензиите покачени, но анкетираните пензионери се согласни дека не можат да го почувствуваат зголемувањето на нивното конто, зашто цените поскапуваат на дневна основа. Галопирачката инфлација велат, им ги девалвира парите, па со пензиите не можат да ги покријат ниту основните трошоци за живот.
- Ништо не може да се купи со овие пензии.
- Еве сега ги распоредувам. Ништо не можам да купам, ниту да платам, сметки, деца чување, болест, лекарства, многу работи се потребни. Не можам да купам, со 15 000 денари што ми ја покачија сега, што ќе купам, ништо. Ниту лебот не можам да си го купам, а не пак друго.
- Јас имам 15 000 денари пензија. Некои имаат помалку од мене, а некои повеќе, ама ништо не може да се купи, дрвата станаа 6000 денари. – анкета пензионери - Штип.
Велат и дека трговците не се придржуваат на мерките на Владата за замрзнување на цените на основните прехрамбени продукти.
- Не се почитуваат, изјави пензионерка.
Вчера беа подолени пензиите на примателите од најниска категорија до 11 000 денари, денес се исплаќаат пензиите од 11 до 14 000 денари, а до крајот на неделата ќе бидат исплатени и највисоките пензии над 18 000 денари.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар