Сторијата за семејството Костадиноски кое 6 години живее без струја предизвика голем интерес во јавноста
Голем број хумани граѓани пројавија интерес за да помогнат на семејството Костадиноски од Скопски Припор. Сител вчера објави дека без струја живеат повеќе од шест години и на температури над 40-тиот степен мора да запалат оган за да стоплат вода или да зготват нешто за јадење. Кога ќе се стемни седат на свеќа. Во вакви услови основното училиште го завршил 15-годишниот син на Даниела.
- Сега се запиша 1 година али нема услови да учи. Децата му се смеат не сакаше ни он ни јас да бидат пред камера вика мамо ќе гледат децата и ќе ми се смеат. Ама не може више да се издржи, вели Даниела Костадиноска.
Долгот за електрична енергија со камата им достигнал близу половина милион денари. А една третина од платата на Даниела кој изнесува 10.000 денари преку извршители и се одбива за вода која исто така подолго време и била исклучена. Сопругот нема постојана работа, а таа се вработила пред 1 година. Здравјето и се нарушило од секојдневната борба за живот.
- Знам дека хормонски се пореметив здравствено, немав пари да одам по лекари и си останав вака. Сите мислат дека од јадење сум волкава, но не е тоа тоа... додаде Даниела.
Поради големиот интерес на хуманите луѓе да помогнат истото можат да го сторат на следната трансакциска сметка:
Трансакциска сметка број: 300007027670018 на име Даниела Костадиноска во Комерцијална банка.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
