Македонија
9. August 2017 - 17:28

Од лекарски аспект релативно мирен Супер Куп во Скопје

Странски турист со скршеница на раката бил примен на Клиниката за хируршки болести Свети Наум Охридски, а друг навивач поради обилно повраќање предизвикано најверојатно од треуење со храна од Националната арена со Брза помош бил префрлен на Инфективна. На Токсикологија која вчера работеше со зголемен број екипи не е регистриран ниту еден случај на претерување со алкохол од страна на фудбалските фанови. Како што соопшти министерството за здравство УЕФА супер купот поминал релативно мирно од лекарски аспект. Немало зголемен број на интервенции.

Попладнето тимовите на Итната медицинска помош стационирани на плоштадот интервенирале само на неколку колапси поради топлото време.

окрај Брзата помош и Клиниката за токсикологија поради фудбалскиот спектакал кој во Скопје го следеа илјадници навивачи од странство со засилени лекарски екипи изминатите два дена работеа и Ургентниот Центар и ГОБ 8 септември, но и кај нив ноќта поминала мирно.