Македонија
20. August 2017 - 16:08

26 лица се примени на Инфективна по јадење сендвичи во Седмица

Нови двајца пациенти со симптоми на труење од Седмица во Лептокарија денеска биле прегледани на Инфективната клиника и по укажаната лекарска помош пуштени се дома. Со нив вкупно 26 лица кои јаделе во сендвичарницата во петокот биле лекарски третирани во оваа здравствена установа. Шестмина поради посериозна клиничка слика викендот се задржани на болничко лекување, а нивната состојба е стабилна, информираат од Инфективна.

Завчера тројца пациенти кои консумирале храна од истата сендвичарница биле прегледани во ГОБ 8 септември и пуштени се на домашно лекување.

Причината за труењето ќе се знае во текот на утрешниот ден по добивањето на резултатите од микробиолошките анализи од земените примероци од храна, работна површина и од персоналот.

ДСЗИ ја затвори сендвичарницата во Карпош. А инспекторите наредиле темелно чистење и дополнителен здравствен преглед на вработените.