Таравари и ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваат за недостигот на кадар и опрема во здравството
За недостигот на медицински кадар во јавните здравствени установи министерот за здравство ја обвини претходната власт, но не најавува конкретни мерки за решение на проблемот. Состојбата со анестезиолози, неонатолози, гинеколозози и лекари од други специјалности е загрижувачка во повеќе болници и клиники, а пред се на скопска гинекологија каде неделава починаа 4 новороденчиња.
За смрртта на тројката на гинекологија опозицијата и денеска ја обвини новата директорка и побараа одговорност.
- Родителите на трите бебиња кои починаа на Клиниката за гинекологија се гневни и бараат одговорност! Одговорност мора да има и ќе има! ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека СДС со брутална партизација на институциите и со поставувањето на некомпетентни партиски кадри државата ја турка во хаос. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше и дека именувањето на Викторија Јовановска за директор на Гинекологија само заради тоа што била блиска другарка на сопругата на Зоран Заев, Зорица Заева ќе има сериозни последици. Скандалот мора да биде испитан до крај. Не смее да се прикрива ништо! Изјави Марија Андоновска, од ВМРО ДПМНЕ
Со писмена изјава реагираше директорката Викторија Јовановска. Таа потенцираше дека на функцијата била ставена поради 20 годишниот работен труд и посветеност на Клиниката, а не заради блискоста со сопругата на Премиерот. Јовановска посочува дека прв човек на установата е 2 недели, а Клиниката ја затекнала во лоша состојба со дефицит на специјалисти, мал број на инкубатори, лифтови кои не работат, кров кој постојано прокиснува, немало вентилација во клучни оддели, а лабораториите сместени се во субстандардни подрумски простории, наведува директорката на ГАК.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
