Македонија
25. November 2017 - 17:33

Од наредната седмица се очекува владата да го одобри основањето на Албанскиот државен ансамбл за песни и ора

По примерот на Танец, ансамбл за народни игри и песни на Македонија, ќе се формира и Албански ансамбл во земјава. Се очекува Владата идната недела да го одобри основањето на ансамблот на албанските граѓани.

-Секако како што постојат ансамбли, без да се зголкемувааат буџетските средства само ќе биде дефиниран правно формално ансамблот на албанските граѓани, изјави Зоран Заев, Премиер на Р. Македонија.

Државниот секретар во министерството за Култура пак за Телевизијата 21 изјави дека првиот годишен буџет на албанскиот државен ансамбл ќе изнесува околу 800.000 евра.

-Првиот годишен буџет, земајќи ги предвид платите, инвестициите во костимографијата, инструментите и практичниот дел, е околу 800 илјади евра. Но, ова се буџети кои варираат зависно од потребите кои се појавуваат во текот на формирањето на оваа институција, вели Валмир Азири, Државен секретар во министерството за култура  за ТВ 21.

Седиштето на државниот албански ансамбл најверојатно ќе биде во Тетово, на што реагираат Албански мизичари дека истиот треба да биде сместен во главниот град.