Македонија
28. November 2017 - 16:37
Побарано бришење на 14 профили од социјалните мрежи поради злоупотреба на деца само годинава
Само годинава до дирекцијата за заштита на личните податоци биле поднесени 14 барања за бришење на профили кои направиле злоупотреба на деца преку објавување фотографии или текстови со навредлива содржина. поради овој тренд дирекцијата испрати допис до Министерството за труд и социјала да се забрани на негувателките и воспитувачките да објавуваат фотографии од децата на социјалните мрежи. Истото важи и за училиштата.
14 пријави за злоупотреба на фотографии со малолетни лица годинава се поднесени до дирекцијата за заштита на личните податоци. Родители реагирале дека без дозвола биле објавувани фотогравии од нивните деца на социјалните мрежи најчесто на Фејсбук.
-Сите барања се поднесени од страна на нивен родител или законски застапники не се однесува на злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи од страна на воспитно образовни институции. по ситре 14 поднесени барања до дирекцијата од почетокот на годината до 27.11.2017 година е постапено односно профилите се избришани. Станува збор за објавување на фотографии( поединечни, групни) без согласност на родителот, законскиот застапник или навредливи, уценувачки и други несакани содржини за детето каде тоа може да се идентификува, се вели во одговорот до сител од ДЗЛП.
Токму поради зачестените злоупотреби со фотографии од малолетни лица дирекцијата вчера испрати допис до Министерството за труд и социјала во кој се бара да им се забрани на негувателките и воспитувачките да постираат слики од деца на социјалните мрежи.
-Ја сметам како позитивна одлука ќе се достави и истиот тој орган кој ја донесува одлуката има механизми за репресија, изјави мила царовска, минитер за труд и социјална политика.
истата одлука за забрана за објавување на фотографии без дозвола важи и за основните училишта.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
