Македонија
9. December 2017 - 17:07

Стручната помош е најважна при каснување од куче

Граѓаните каснати од куче не треба сами во домашни услови да бидат лекари, туку да побараат помош од стручни медицински лица зошто раната треба хируршки и стерилно да се обработи за да не дојде до инфекција.

- Најчесто кај такви повреди опасноста од тетанус за која многу често зборуваме постои опасност и од секундарни инфекции пооради бацилите кои кучињата ги имаат во устата поради типот и начинот на исхранување. Прво треба раната да се обработи хируршки и да се обработи стерилно, изјави д-р Марија Анастасова, шеф на смена во Брза Помош Скопје.

Доктор Анастасова дедава дека после санирањето на раната од каснување од куче во првите 24 часа треба да се прими серум и тетанус- вакцина против беснило доколку пациентот не бил редовно вакциниран.

- Според СЗО последната вакцина против тетанус се прима на 18 годишна возраст и според нивните протоколи и препораки би требало да постои заштита во следните 10 години, доколку лицето редовно ги примило сите вакцини претходно, додава д-р Анастасова.

Од Скопската Брза помош велат дека многу ретко интервенираат на повици за лица  кои биле нападнати од куче зошто повеќето граѓани  веднаш оделе во дежурните болници и клиники. Месечно само на Инфективна регистрираат по стотина пациенти каснати од куче.