Македонија
15. May 2018 - 16:35

Стотина ученици од четири основни училишта во струмичко отпишани во второто полугодие

Нешто повеќе од стотина ученици во  второто полугодие  од оваа учебна година се испишале од основните  училишта од четирите општини во струмичкиот микро регион.   Како главна причина  за ваквиот чекор која била наведена од страна на родителите е иселувањето во друго место на живеење, пред се заминувањето во странство. Од вкупниот број на испишани ученици 22 - ца  се од општина Босилово, 16 од училиштата во Василево, 15 од Ново Село, а најголемиот број 51 се од  деветте основни училишта  во општина Струмица.   Според  општинскиот просветен инспектор се работи за околу еден процент од вкупниот број на ученици кои биле запишани  на почетокот од учебната 2017- 2018 година и е благо намалување во однос на претходните три години кога  бројот на учениците кои заминале од училиштата во Струмица се движел од 60 до 85 за една школска година .

,,  Вообичаено испишувањето тука некаде се движи околу еден, еден ипол процент од вкупниот на запишани ученици. За оваа година можам да кажам дека поголем број се испишани од прво до петто одделение  околу 35, а помалку околу 19 од шесто до деветто одделение. Најчесто ни се појавија повеќе држави во кои родителите се иселиле и тоа Словенија 24 ученика се иселени, по седум во Германија и Австрија, Швајцарија помалку, Италија помалку.,, вели  Зоран Узунов овластен просветен инспектор во Општина Струмица. 

За разлика од основните,  во средните училишта  скоро и да нема отпишувања .

,, Во средните училишта нема многу испишување. Некаде вкупно можеби околу дваесет ученици , за нив имаме податоци кои се иселени од прва до четврта година , тоа е занемарлив број во однос на вкупниот број на ученици.,, вели УЗУНОВ

На почетокот од оваа учебна  година во основните училишта во  четирите општини од струмичкиот регион од прво до деветто оддление биле запишани нешто повеќе од 7500 ученици. Од нив најголемиот дел или 5075 биле во училиштата во општина Струмица, додека другите близу 2500 во општините Босилово. Василево и Ново Село.