Дескоска најавува реформи за подобар стандард за наставниците
За една недела регистрирани два случаи во кои наставници физички нападнале ученици. Во Бутел просветен работник со стап тепал 13-годишник, а во Желино тинејџер си го скршил забот откако по шлаканицата од наставникот удрил во клупа. Според министерката за образование ова е сериозен проблем и треба да се работи на превенција.
-Секако дека потребно е повеќе да се работи за да не се повторуваат вакви случаи, изјави Рената Дескоска, министер за образование и наука.
Дескоска најави решавање на статусот на наставниците кои се ангажирани со договор на определено време.
-Оние кои можат да остварат полно или пола работно време, како што стои во законите за основно и средно образование, да може да се вработат на неопределено време, изјави министерката Дескоска
Ресорната министерка најави и повисоки плати за наставниците од септември и да имаат слободни денови за време на зимскиот распуст.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
