Младите лекари му ги објаснија причините на премиерот Заев зошто ја напуштаат Македонија
Специјализираат едно, а работат друго, менторите не им даваат да лекуваат пациенти, не се вреднуваат според заслуга туку по политичка основа или затоа што се синови или ќерќи на професори. Покрај парите ова се главните причини поради кои лекарите се помасовно си заминуваат од земјава. На денешната трибина пред премиерот Заев и министерот Филипче д-р Весна Јакимовска го посочи личниот пример дека иако повеќе од 4 години е општ хирург не работи на трауматологија туку на тријажа на пациенти во Ургентниот центар.
Министерот Филипче вети дека ќе го реши нивниот проблем.
На дебатата специјализантите побараа да бидат плаќани за дежурства како и повеќе практична работа.
Премиерот Заев посочи дека како Влада работат да ги задржат младите лекари во Македонија. Со поголеми плати и нови проекти ќе ги мотивирале да останат во земјава.
Статистиката од лекарската комора покажува дека само во првите 4 месеци од државата си заминале 110 доктори, а последните 8 години тоа го направиле 1200 лекари.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
