Променливото и дожделиво време им претставува проблем на хронично болните
Наглите промени на времето лошо влијаат и на болните и на здравите луѓе. Според лекарите на ваквото време секој втор човек чувствува главоболка, поспаност, нерасположеност... Деновиве на есенските температури во лето најчувствителни се метеопатите.
-Метеопатијата се јавува кај здравите исто така и кај хронично болните лица. Се карактеризира со малаксаност, главоболка, болки во коските итн. изјави д-р Анита Симјановска, шеф на смена во Брза помош Скопје.
Од скопската брза помош велат дека изминатите неколку дена имаат зголемен број на повици од граѓани со покачен крвен притисок. На ваквото време лекарите советуваат граѓаните да бидат внимателни додека возат бидејќи брзо паѓа концентрацијата и може да дојде до сообраќајна несреќа.
Александар Динев за Сител телевизија.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
