Македонија
29. јуни 2018 - 16:41

Клинички тоне во ѓубре- здравство засега без решение

Клиничкиот Центар е затрупан со ѓубре. Сите канти се преполни, сметот е расфрлан наоколу, а тревата не е искосена. Уште од влезот па се до хелиодромот на секој чекор има купишта отпадоци.

Стенд- Највалкано е во паркот пред Интерните клиники. Тука на сите страни се расфррлани пластични шишиња, кеси, чаши и остатоци од храна.

Секој ден низ кругот на Клинички минуваат илјадници пациенти и нивни роднини. Револтирани од нехигиената.

Анкета – Стамота е ова, па почисто е како го викаат во Дрисла, вели повозрасен граѓанин. –Дрисла ова е Дрисла, никаде го нема ова, а 21 век сме, додава дуг пациент. Се плашам како не се плашам, ѓубре има на сите страни, вели револтирано повозрасна скопјанка.

Изминатите неколку години приватна фирма ја одржуваше хигиената на Клинички , но новиот тендер беше поништен пред околу 4 месеци.

-Министерството за здравство бара најсоодветно решение за трајно надминување на проблемот со ѓубрето во Клиничкиот центар, велат за Сител од ресорното министерство и за утре најавија акција за чистење на сметот.

Од МЗ додаваат дека ингеренциите за одржување на хигиената на Клинички биле вратени на Службата за општи и заеднички работи за потребите на скопските клиники од каде пак велат дека немаат кадар бидејки министерството за финансии не дозволувало вработување. За да распишат нов тендер за избор на фирма која ќе го чисти клинички чекаат одобрување од сите директори на установите во Комплексот Мајка Тереза.