Македонија
6. July 2018 - 16:59

По 12 години чекање жителите на Сачево сами ги поправаат дупките на патот до селото

Наместо општината дел од младите   на  струмичкото село Сачево почнаа сами да ги крпат ударните дупки на локалниот пат кој води до нивното населено место. Велат дванаесет години барале  од локалната самоуправа и  чекале да го реконстуира патот , но проблемот останал нерешен.  Поради лошата состојба на коловозот ги отетиле и возилата , а такси компаниите повеќе несакале да ја возат оваа делница. Немајќи друго решение биле принудени сами да се организираат и да ги закрпат стотината дупки.

- Одлучивме да ги санираме дупките на патот Струмица Сачево затоа што од општина Струмица 12 години немаат мрднато со прст за нашето село и веќе бевме на цело отсечени од градот. Реагиравме ама нема ништо. Доаѓаа и поранешниот градоначалник, сега овој доаѓаше  неколку пати , самите видоа дека патот не е веќе,  неможе да биде во употреба тој пат, нема ништо од нив и моравме сами, бевме принудени .  Неможевме да одиме до Струмица, ни такси не доаѓа ни ништо, ги сокршивме колите.

На акцијата на младите од Сачево писмено одговорија од општина Струмица од каде што велат дека имаат разбирање за проблемот, но не  го оправдуваат начинот на кој истиот се решава. Од таму додаваат дека општината ги знае проблемите  и согласно можностите и законските прописи ги решава, како во градот така и во населените места.  најавија дека согласно програмата за локални патишта и улици, и почитувајќи ги законските прописи за вакви градежни зафати, идната недела ќе започнат со  крпењето на ударните дупки во градот и населените места, меѓу кои е и Сачево