Македонија
17. September 2018 - 16:50

Каменос против Ципрас, ќе ја напушти коалицијата ако договорот влезе во собрание

Министерот за одбрана  Панос Каменос се закани дека ќе направи се Договорот од Преспа да не стигне во грчкиот парламент. Лидерот на партијата Независни Грци која е дел од Владината коалиција во интервју за телевизијата Антена потенцираше дека  ќе ги повлече сите министри кои ги има неговата партија пред договорот да дојде за ратификација пред пратениците.

- Јас веќе подолго време јавно се обврзав за една работа и ова не е сменето ниту ќе се смени. Ние нема да учествуваме во влада што ќе го донесе во парламентот овој договор, што значи дека ќе ја повлечеме довербата за владата, изјави Панос Каменос, министер за одбрана на Грција.

Каменос го обвини Заев дека го прекршува договорот кажувајќи работи кои не постојат и откри дека за ова и Ципрас телефонски разговарал со македонскиот премиер минатата недела.

Од друга страна портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос е удеден дека договорот од Преспа ќе биде ратификуван во парламентот.

– Позицијата на Каменос во однос на договорот е позната, тоа не се работи што не ги има кажано, но јас сум убеден дека во овој момент постојат политички корелации во грчкиот Парламент за ратификација на договорот и тоа ќе се покаже кога ќе се достави и кога ќе биде изгласан, рече во радио интервју  Ѕанакопулос  .