Почнуваат консултациите за нацрт-уставните амандмани
Премиерот Заев деновиве ќе ги почне консултациите со сите пратенички групи за нацрт амандманите за уставни измени согласно договорот од Преспа.
Тој и денеска потенцираше дека е отворен за соработка со опозициските пратеници кои доставија 4 барања пред да гласаат во петокот. Заев е оптимист дека достижни се роковите до јануари да се направат промените во Уставот.
- Роковите се деловнички, драго ми е што во комисијата дискутиравме во три од десет дена, во парламентот беше пет дена, се кратат некои рокови. Но тоа не се големи кратења. Тоа зависи од пратениците и од развојот на дискусијата. Еве само ќе кажам два значајни периода што се трошат на оваа работа. Со официјалното доставување на нацрт амандманите тие во Парламентот ќе бидат 30 дена, иако веројатно ние можеме и за 10-15,20 дена да ги договориме. И за конечната верзија на амандманите, кога ќе дојдат имаме 60 дена, така што роковите се достижни, рече Премиерот Зоран Заев.
Во меѓувреме 4 амандмани најавија и од БЕСА на Касами.Барат концепт на граѓанска држава, албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик, државата да се грижи за сите нејзини граѓани во дијаспората, и претседателот на државата по второто гласање на законда нема право на вето. Пратеникот Зендели најави дека нема да условуваат.
- Тоа нема да се случи бидејќи условувањето не е филозофија на нивната партија, Фадил Зендели, пратеник од БЕСА.
Амандмани во делот на албанскиот јазик најави и лидерот на Алијансата за Албанците.
Во петокот со 80 гласа за собранието даде зелено светло за почеток на уставните измени за реализација на преспанскиот договор.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
