Состојбата со правата на слепите во земјава не е променета 10 години
Со години наназад состојбата со правата на слепите и слабо видни лица е непроменета. Од националниот сојуз на слепи велат, скоро десет години нема никакви поместувања напред . Според нив добро е што нема укинување на веќе стекнатите права, но сметаат дека сме многу назад во однос на земјите од регионот. Дополнителни права не биле предвидени ниту со новиот закон за социјална заштита, туку веќе постоечките добивале нови називи.
,, На пример гарантирана минимална помош е сега, а порано беше постојана парична помош или додатокот за слепило во претходниот закон сега е надоместок за попреченост. Меѓутоа, најбитно е што правата не се укинуваат. Ние како земја каскаме зад земјите од регионот.,, вели М-Р Стерја Димов, генерален секретар на национален сојуз на слепи.
Од националниот сојуз на слепи велат дека она што во моментов за нив е важно и на што подолго време апелираат до надлежните е закон за самостојно движење со куче водич.
,, Државата нема да ја кошта тоа никакви средства или финансиски импликации, меѓутоа тоа значи дека со тој закон на слепите лица ќе им биде овозможен пристап со кучиња водичи во јавните институции, општините- локалната самоуправа, јавниот превоз.,, вели Димов.
Значаен чекор во подобрување на секојдневието на слепите лица ќе биде и ратификувањето на меѓународната маракеш конвенција, односно договорот на светската организација за интелектуална сопственост и светскиот сојуз на слепи. Ратификацијата ќе значи пристап до аудио и браеви книги за слепи лица.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
