Бизнис
26. September 2019 - 18:52

Општина Струмица ќе ги субвенционира новите приклучоци на гас со 100 евра

Секој нов приклучок на гасоводната мрежа во Струмица ќе биде субвенциониран со по 100 евра.

Наместо 600 колку што чини приклучокот граѓаните ќе плаќаат по 500 евра, додека останатите 100 во денарска против вредност се на сметка на општината.Одлуката за субвенционирање ја донесе општинскиот совет и се однесува на новите 50 приклучоци.

Од јавното претријатие Струмица гас информираат дека тоа не значи дека мерката тука застанува, туку по исполнувањето на оваа бројка општината носи одлука за нови 50 субвенции.

Покрај физичките лица Од оваа грејна сезона на гасоводната мрежа треба да се приклучат и струмичката болница и секторот за внатрешни работи.

Од претпријатието најавуваат дека во меѓувреме интензивно се работи на обезбедување средства за проширување на гасоводната мрежа.

,,Постапката со кредитот веќе е во завршна фаза во Светска банка и очекуваме во секој момент тој да биде одобрен и да се почне со активностите за изградба,  Со тие пари е планирано да се изградат нови скоро 7 километри дистрибутивна гасоводна мрежа во поголем дел од градот, во повеќе реони од градот Струмица.  Исто така тука се предвидени и средства за да се изгради дистрибутивна мрежа до населено место Дабиле“, рече Благој Милановиќ, директор на ЈП за енергетски дејности Струмица- гас.

Во моментов дистрибутивната мрежа на Струмица гас изнесува над  34 километри. Со новите градби се очекува таа да се зголеми за уште шест километри  што претставува покриеност од 50% на градот.