Фотографите и видео снимателите бараат мерки од Владата
Околу 15% од над 250 фото студија во земјата се ставени во мирување, а прометот е паднат за 80% или во најдобар случај е преполовен. Фотографите и видео снимателите како едни од најзагрозените професии од ковид пандемијата бараат да бидат субвенционирани се до стабилизирање на состојбата, како и да имаат пристап до бескаматни кредити и грантови.
Реално, ако не ни излезе во пресрет Владата, на некој состанок да најдеме решенија, е ставена на маргините и на изумирање како дејност- изјави Миле Спасов, Стопанска комора за фотографска и видео дејност.
Едно од приоритетните барања е преку законски измени Стопанска комора да може да издава лиценци со што ќе се стави ред во дејноста, зашто се свесни дека со досегашниот начин на работа се во рангот на сивата економија.
Секое барање до Владата е како меч со две острици. За да добиеш нешто, треба и нешто да возвратиш. Свесни сме за тоа - додаде Спасов.
Како втор проблем ја посочуваат не лојалната или т.н. дива конкуренција, каде се слеваат околу 50% од вкупните приходи.
Наставници, професори, административни работници, луѓе кои што работат во МВР или во други бизниси се вмешуваат во овој сегмент на фотографската и видео дејност-изјави Спасов
Фелата брои над 3000 редовно и сезонски вработени лица, но правните сибјекти се мали, со 1 до максимум 5 вработени. Доколку заради ликвидност на фирмата дојде до отпуштање на 1 вработен, фото студиото го губи правото на државна помош.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар