Македонија
19. March 2021 - 12:19

Штип воведува строги контроли на превозот на работници

Строга контрола на транспортот на работниците од и до работните места, за спречување на понатамошни ширење на корона вирусот, најави штипскиот градоначaлник Сашко Николов. Автопревозниците мора да ги спроведуваат мерките за заштита, а секое непочитување да се санкционира.

Тоа се спроведува на терен, меѓутоа општината повторно мора да укаже и до смите превозници, но идо сообраќајните инспектори и полицајци. Не сакаме повторно да се доведеме во состојба повторно да имаме нов кластер во текстилната или било која друга индустрија, каде што бројот на заразени ќе биде фрапантно голем - изјави Сашко Николов, градоначалник на Штип.

Општинарите веќе една година работат по принцип на ротација. Ковид 19 се прошири и во ЈП „Исар“. Регистрирани се 5 позитивни, а 7 нивни колеги се во изолација. Првиот човек на претпријатието вели дека засега успешно ја менаџираат состојбата, а единствен проблем имаат во благајната.

Двете работнички таму се заразени со Ковид 19, но претходно имавем обука на една вработена и мислам дека ќе може да одговори на работните задачи-изјави Живко Тасев, директор на ЈП „Исар“ – Штип.

Преку солидарниот фонд на општината обезбедени се 40 000 заштитни маски, кои бесплатно се делат на граѓаните на различни пунктови во градот. Децата од претшколска возраст кои имаат негативен тест, повторно се вратија во градинките.